"Ресторан - Вила Осоговска Куќа"
"Ресторан - Вила Осоговска Куќа" постои од 2015 година и се наоѓа на 1250 метри надморска височина во живописна природа и околина. Оддалечена на само 12 километри од Кочани и 8 километри од туристичкиот центар Пониква, Осоговска Куќа е сместена во густа букова и аришова шума изолирана од градската врева. Точната локација е на само 200 метри од главниот пат кој води кон Пониква. Капацитетот за сместување е за околу 30 особи и чини 1800 денари за двајца со вклучен појадок.